Жозе Мурињо во вторникот го заврши својот престој на клупата на Манчестер јунајтед, добивајќи отказ од управата, а со тоа и во локалниот хотел „Лаури“.
Специјалниот, како што португалскиот тренер самиот своевремено се нарече, никогаш не купи куќа во областа на Манчестер, туку од доаѓањето во клубот на 6 јули 2016 година живееше во апартман во „Лаури“, хотел со пет ѕвезди со поглед на реката Ирвел.
„Хотелот овозможува реално чувство на нешто малку поразлично уште од оној момент кога ќе поминете низ неговите исполирани стаклени врати“, стои на неговата интернет страница.
Најевтиното ноќевање во овој хотел чини 600 фунти и ако се има предвид дека Мурињо престојуваше во хотелот 895 дена, вкупната (најмала) сметка би изнесувала 537.000 фунти, без користењето на минибарот. Во луксузниот апартман „Риверсајд“, тој на располагање имал голема спална соба, одделни соби за релаксирање и за јадење, како и мала кујна.
За тоа време, неговото семејство остана да живее во Лондон, кадешто Мурињо претходно во два мандати беше тренер на Челзи.