НАЈГОЛЕМИОТ ВИОЛЕТОВО-РОЗОВ ДИЈАМАНТ НА СВЕТОТ ПРОДАДЕН ЗА 26,6 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Женева, (Би-Би-Си)

Исклучително редок дијамант со виолетово-розова боја се продаде на аукција во Швајцарија за 26,6 милиони долари. Овој 14,8-каратен дијамант наречен „Духот на розата“ е најголем од својот вид кој досега бил понуден на аукција, имајќи предвид дека 99% од розовите дијаманти имаат помалку од 10 карати. Името на купувачот не беше објавено.

„Духот на розата“, кој го добил името според руски балет, бил исечен од поголемо парче дијамант, ископано во рудник во Русија во 2017 година.

Рекордна цена за розов дијамант држи „Розова ѕвезда“ од 59 карати, кој бил продаден на аукција во Хонгконг во април 2017 за 71 милион долари.