Вметната меѓу лекарска ординација и фризерски салон, најтенката куќа во Лондон лесно може да се промаши.
Иако има само 1,6 метри во својата најтесна точка, петкатната куќа во западниот дел на градот моментално се продава за 1,1 милион евра. Необичната куќа, која оригинално имала продавница за викторијански шапки во приземјето, била изградена некаде на преминот од 19. во 20. век.
„Куќата вреди за тие пари зашто е уникатен дел од лондонската историја. Таа е дел од магијата на Лондон. Нема други вакви куќи во Лондон“, вели Дејвид Мајерс од агенцијата за недвижнини која ја продава куќата.
Таа доаѓа со градина одзади, која е нешто поширока, 4,8 метри.