Во пресрет на Новогодишната ноќ, изминатиов викенд на новогодишната топка на Тајмс сквер беа инсталирани 192 светкави триаголници со „ватерфорд“ кристали.
Топката е покриена со 2.688 кристални триаголници, секој со различна големина. Секоја година новодишната топка е украсена со некои нови кристали. Додатокот за оваа 2020 година се одликува со нов дизајн наречен „Подарок на среќата“ претставен со сончев излив на светли парчиња што зрачат кон надвор.
Топката е украсена со вкупно 32.256 лед- сијалички, а ќе се спушти на средината на Тајмс сквер на 31 декември во 23:59 часот. Њујорк поради коронакризата ќе ја слави Новата година на виртуелен начин, па спуштањето на новогодишната топка и перформансите проследени со истата ќе може да се проследат телевизиските канали.
„Новата година значи нов почеток и едвај чекаме да ја прославиме“, изјави градоначалникот Мајк де Блазио