Танчарите од Кодартс од Ротердам, еден од најпрестижните универзитети за танц и музика во Европа, синоќа на скопскиот Танц фест, во полниот Македонски народен театар (МНТ), ја изведоа претставата „Таленти во движење“ .

На музика од разни автори, како Пети Смит, Чајковски и Лас де Села, танчарите се претставија со осум кратки кореографии на светски кореографски имиња. Меѓу парчињата кои се изведоа беше и „Скеч“ на Адријана Давчевска, на музика на Алексaндар Гроздановски.

Вечерва на 15. Танц фест, во 20 часот во Младински кулурен центар ќе се изведе претставата „Проширувања на објективот“, партнерски проект на Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс и на танцовата компанија „Блек денс“ од Далас, САД. Танчарите од САД ќе играат на музика на Тони Китановски и оркестарот „Черкези“.
Фото: Ѓ. Личовски