ПАБ ВО АНГЛИЈА СО ЕЛЕКТРИЧНА ОГРАДА СПРЕЧУВА ТУРКАНИЦИ ПРЕД ШАНКОТ

Лондон, (Ројтерс)

Сопственикот на паб во југозападна Англија постави електрична ограда пред шанкот како мерка за заштита од коронавирусот.

„Ако ставев јаже, не верувам дека некој ќе обрнеше внимание како на електричната ограда“, вели Џони Мекфаден, газдата на пабот „СтарИн“ во Сент Џаст.

Англија повторно ги отвори пабовите на 4 јули, со обврска да се почитуваат мерките за социјална дистанца, што вклучува и минимален контакт помеѓу вработените и муштериите, кои имаат ограничено време за пиење.

Мекфаден вели дека правилата претставуваат голема промена за неговиот бар.

„Водам навистина мал бар. Сите се навикнати да седат внатре или да се буткаат кон шанкот. Сега не можат да го прават тоа“, изјави тој.