Вечерва во 18 часот, во Францускиот институт во Скопје ќе се отвори изложбата на фотографии „Париски перспективи“ на визуелниот уметник Роберт Јанкулоски.
Отворањето на изложбата ќе биде проследено со предавањето „Старата фотографија како инспирација во моите дела“, за време на кое Јанкуловски ќе направи ретроспектива на неговото дело и ќе говори за старата фотографија.
Јанкулоски е директор на Македонскиот центар за фотографија, познавач на делото на браќата Манаки и декан на Kатедрата за визуелни уметности при Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА во Скопје.