ПАРИСКИТЕ КЕЛНЕРИ СЕ ТРКАА НИЗ ГРАДОТ НОСЕЈЌИ КАФЕ И КРОАСАН НА НАСТАН КОЈ ПОЧНА ПРЕД 110 ГОДИНИ

Париз, (Би-Би-Си)

Париските келнери често добиваат критики од типот дека ретко се смеат и дека се груби кон муштериите, но тие ги покажаа своите професионални вештини во полн сјај на некогаш традиционалната Трка на келнери. Тие мораа да поминат дистанца од два километра носејќи послужавник со шолја кафе, чаша вода и кроасан.

Двесте градски кафулиња зедоа учество на трката, која редовно се одржуваше до 2011 година, а потоа беше укината поради недостиг на спонзори. Градските власти решија да ја обноват во пресрет на Олимпијадата што летово ќе се одржи во париската престолнина.

За да победат на трката, учесниците мораа да бидат ем брзи, ем внимателни. Секоја промена во композицијата на нивниот послужавник се одразуваше врз конечната оценка, а ни најмало истурање не беше дозволено. Строгите ограничувања го направија настанот помалку трчање, а повеќе брзо одење.

Првата Трка на келнери или Course des Garçons de Café се одржа во 1914 година и потоа се здоби со голема популарност и надвор од Париз. 

(Фото: Гети)