БУДИМПЕШТА ИЗБРАНА ЗА НАЈДОБРА ЕВРОПСКА ДЕСТИНАЦИЈА ЗА 2019

Будимпешта, (Гардијан)

Главниот град на Унгарија, Будимпешта, е избран за најдобра европска дестинација за 2019, откако повеќе од половина милион луѓе гласаа во анкетата на онлајн страницата Најдобри европски дестинации (europeanbestdestinations.com). На изборот кој се организира по десетти пат гласале 515.375 лица од 153 земји.

„Градот има богато архитектонско и историско наследство и нуди неспоредлива комбинација на култура, гастрономија, термални води и градини. Бисерот на Дунав не е само најдобра европска дестинација, туку е и еден од најубавите и најбезбедни градови на светот. Будимпешта ги има елеганцијата на Рим, архитектонското наследство на Виена, шармот на Порто и нежниот начин на живот на Стокхолм“, стои на страницата.

Зад Будимпешта се најдоа: Брага (Португалија), Монте Изола (Италија), Мец (Франција), Познањ (Полска), Малага (Шпанија), Женева (Швајцарија), Цавтат (Хрватска), Братислава (Словачка)…