Јапонскиот град Сапоро го отвори својот Фестивал на снегот по 70. пат, кадешто можат да се видат околу 190 снежни и ледени скулптури. Организаторите очекуваат околу два милиони луѓе да го посетат фестивалот до неговото затворање на 11 февруари.

Една од најпопуларните скулптури оваа година е онаа на јапонската тенисерка Наоми Осака, актуелната победничка на Ју-Ес опен и на Отвореното првенство на Австралија.

Со своја големина особено се издвојува скулптурата на катедралата во Хелсинки, направена во чест на 100-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Јапонија и Финска.
Меѓу скулптурите има и ликови од филмови, ТВ-серии и видеоигри, како и историски и виртуелни личности.