Еден век откако беше откриена гробницата во којашто младиот фараон Тутанкамон бил мумуфициран пред повеќе од 3.000 години, таа сега е конзервирана, посветла и побезбедна, благодарение на макотрпната поправка на штетата предизвикана од прашина, влага и туристи.
Цртежите на ѕидовите и на покривот исто така се вратени во состојбата од 1922, кога во гробницата првпат влегол британскиот археолог Хауард Картер.
![](https://smart.sdk.mk/wp-content/uploads/2019/02/105422579_ff63853d-095a-45b9-ba1b-cebd093bf51b-728x410.jpg)
Во процесот кој траеше 10 години и кој беше одложен во 2011 година со падот на Хосни Мубарак беа заменети дрвениот под, светлото и рампите, што значи дека и самиот Тутанкамон мораше да биде поместен.
„Тоа е неверојатно скапоцен објект и затоа поместувањето на мумијата беше навистина стресно. Страшно беше да се извадат мумијата и ковчегот од 250 килограми, а го носеа 12 мажи“, изјави Невил Агњу, директор за комуникации на Институтот за конзервација „Гети“ со седиште во Лос Анџелес, кој го водеше процесот.
![](https://smart.sdk.mk/wp-content/uploads/2019/02/105422292_mediaitem105422288-728x410.jpg)
Гробницата изминатите години неколкупати била реновирана, но никогаш олку темелно. Конзерватори, архитекти, научници и експерти за животна средина пред пет години почнаа со анализи, кои утврдија штетни надворешни влијанија, вклучувајќи и графити.
„Водената пареа од дишењето на туристите влијаела на сѐ во гробницата. Моравме да го промениме тоа и создадовме метод преку кој свежиот воздух навлегува во гробницата и тој циркулира така што се менува на 30 минути“, изјави Хусеин Шабору, професор по уметност на Универзитетот Александрија.