Популарниот блог за патување и фотографија Capture the Atlas и оваа година го организираше изборот на најдобра фотографија на Млечниот Пат.
На светот има голем број спектакуларни локации за набљудување на нашата галаксија, а во годинашниот избор се најдоа фотографии од 12 држави: САД, Австралија, Нов Зеланд, Чиле, Аргентина, Египет, Франција, Шпанија, Словенија, Словачка, Јапонија и Кина.
Сезоната за најдобро набљудување на Млечниот Пат трае од февруари до октомври во северната, односно од јануари до ноември во јужната хемисфера.