КРАЛОТ ЧАРЛС ПОСЕДУВА БРОЈНИ РАСКОШНИ ИМОТИ, НО И КУЌА ВО МАЛО РОМАНСКО СЕЛО

Букурешт, (АФП)

Новиот британски крал Чарлс Трети располага со бројни раскошни имоти, но тој исто така поседува куќа во мало село во централна Романија.

Чарлс, кој е далечен роднина на некогашниот романски крал Михаил, а наводно и на Влад Цепеш попознат како Дракула, купи и обнови куќа од 18. век во селото Вискри, кое се наоѓа во Трансилванија. Првпат дошол во селото во 1998 и призна дека веднаш се вљубил во него. Последен пат го посетил во мај годинава.

Чарлс разговара со локални жители во мај годинава (Фото: ЕПА)

„Дознав многу за Романија и ја засакав. Има уште многу да се истражува“, изјави Чарлс во 2020.

Локалните жители велат дека неговото влијание врз селото е главно позитивно, зашто стана популарно меѓу туристи. Истовремено, пораснала вредноста на имотите во областа.

Чарлс првпат го посетил Вискри во 1998 (Фото: АФП)

„Вискри беше заборавено село, а денес помали куќи се продаваат и за 40.000 евра“, изјави еден локален жител.

Не се знае кога Чарлс ќе се врати во селото, сега како крал.

„Овдека е сè така едноставно и мирно, јасно ни е зошто се вљубил во селото“, изјави еден романски турист.

(Фото: АФП)