Експертите често посочуваат дека здрава исхрана и активен живот се клучот на долго живеење, а антрополозите кон тоа ги додаваат факторите блиски врски со семејството и живот во заедница што се базира на вера.
Жителите на грчкиот остров Икарија се блиско поврзани едни со други, при што возрасните имаат важни улоги во заедницата. Бабите и дедовците неретко ги воспитуваат своите внуци или водат бизнис.
Во Икарија се води живот типичен за грчките острови, со таа разлика што овдека, една третина од населението има повеќе од 90 години.
Заедно со Сардинија (Италија), Никоја (Костарика), Окинава (Јапонија) и со Лома Линда (Калифорнија), Икарија ја сочинува таканаречената Сина зона, места каде што луѓето најдолго живеат на планетата.
„Не барај повеќе од она што ти треба. Не им завидувај на други, тоа само може да ти донесе стрес“, советува 105-годишната Јоана Проју, која веќе девет децении живее од плетење.
Пензионираниот лекар Христодулос Ксенакис има друга теорија како икаријците успеваат да ги избегнат непотребните нервози. Со 81 година, тој се смета за еден од помладите за островските стандарди.
„Времето игра важна улога во животот на Икарија. Луѓето овдека ги поминуваат деновите со јасна цел. Нема стрес. Кога правиш работи што те усреќуваат тебе или другите, како да не се чувствуваш здраво и подобро“, открива Ксенакис.
Држави со најдолг просечен век на живеење:
- Јужна Кореја: 85 години
- Сингапур: 83,1
- Јапонија: 83
- Шпанија: 82,8
- Швајцарија: 81