НАЈПОЗНАТИТЕ БУЛЕВАР И ПАРК ВО МАДРИД СТАВЕНИ НА ЛИСТАТА НА СВЕТСКО НАСЛЕДСТВО НА УНЕСКО

Мадрид, (АП)

Еден од главните булевари во Мадрид, Пасео дел Прадо и паркот Ретиро се додадени на листата на светско наследство на УНЕСКО. Неговиот комитет ја поддржа кандидатурата во која се нагласуваат зелената област на булеварот и вклучувањето на природата во шпанската престолнина. Тој имал големо влијание врз дизајнот на градовите во Јужна Америка.

Паркот Ретиро зафаќа површина од 1,2 квадратни километри во центарот на Мадрид. Тој се надоврзува на Пасео дел Прадо, каде што се наоѓа срцето на уметничкиот свет на Мадрид: музеите Прадо и Тисен-Борнемиса и уметничкиот центар Реина Софија.

Булеварот датира од 16. век, додека паркот оригинално бил користен од шпанското кралско семејство во 17. век, пред да биде целосно отворен за јавност во 1848 година.

Ова е прв локалитет во Мадрид што се најде на листата на УНЕСКО, а вкупно 49. во Шпанија.