Најстарата зоолошка градина на светот утре одбележува 270 години постоење.
„Шенбрун“ во Виена била основана во 1752 година од царот Франц Штефан Први и неговата сопруга Марија Терезија како менажерија со 12 животински живеалишта распоредени околу царскиот павилјон. Таа била тешко оштетена во двете светски војни, но и по 270 години останува една од најубавите зоолошки градини на светот и денес е дом на околу 8.000 животни од 70 различни видови, кои живеат на површина од 17 хектари.
Властите на градината постојано ги унапредуваат живеалиштата.
„Како научно управувана градина, наша задача е да ги направиме посетителите заинтересирани за светот на животните. Нашите животни се амбасадори на нивните загрозени роднини во дивина“, изјави директорот Штефан Херинг-Хагенбек.
Тој додава дека самите животни ѝ ги даваат најубавите подароци на градината за роденденот, како размножувањето на жирафите и првото орангутанче родено по 20 години.