ПАРИЗ И МИЛАНО ЌЕ СЕ ПОВРЗАТ СО НОВА ПРУГА ВРЕДНА 25 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

Париз, (Тајм аут)

Во Европа се најавуваат се повеќе големи железнички проекти, а еден од највозбудливите од нив во иднина ќе ги поврзува Париз и Милано.

Нова железничка линија меѓу француската престолнина и вториот по големина град во Италија моментално е во изградба и треба да биде завршена до 2032 година. Маршрутата ќе минува и низ Алпите преку новиот 56,8 километри долг тунел, кој кога ќе биде завршен, ќе биде најдолг на светот.

Покрај тоа што ќе придонесе за намалување на аерозагадувањето во регионот, новата линија ќе го скрати патувањето меѓу двата града од сегашните седум на четири часа.

Ова нема да биде евтино. Се проценува дека проектот ќе чини 25 милијарди евра, во што ЕУ моментално учествува со 40%, што би можело да порасне на 55%.

(Фото: Шатерсток)