Мачу Пикчу, древниот град во Андите, повторно се отвори вчера откако беше затворен пред речиси осум месеци поради пандемијата на коронавирусот. Перуанските власти организираа ритуал на Инките за да им се заблагодарат на боговите, откако најголемата туристичка атракција во земјата повторно почна да прима туристи.
Сепак, дневната бројка туристи ќе биде ограничена на 675, што е само 30% од досегашниот капацитет.
Откриен во 1911 година од американски истражувач, археолозите веруваат дека Мачу Пикчу бил изграден во 15. век, а бил напуштен еден век подоцна по доаѓањето на шпанските колонизатори. Тој денес е главната туристичка атракција на Перу, врз која се потпираат десетици илјади луѓе од планинскиот регион Куско.