ПЕШТЕРА НА ПОЕЗИЈАТА – ЕДЕН ОД НАЈУБАВИТЕ ПРИРОДНИ БАЗЕНИ НА СВЕТОТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Грота дела Поезија или Пештера на поезијата се смета за еден од најубавите природни базени на светот. Оваа провалија широка 30 метри е сместена во карпите кај италијанското село Рока Векија на јадранскиот брег, меѓу градовите Лече и Отранто.

Локална легенда вели дека на ова волшебно место некогаш се капела прекрасна принцеза, на која поетите ѝ ги посветувале своите најубави стихови. Оттука и името на базенот.

Грота дела Поезија е исполнета со солена вода, а карпaта што ја окружува е висока пет метри. Местото беше практички непознато до пред неколку години, пред да го откријат туристи.