Австралискиот фотограф Дери Морони сними неверојатни фотографии од „дрво на животот“, кое се формира како што маслото од околните чајни дрвја се испушта во природните текови на езерото.
Тој вели дека бил целосно шокиран кога првпат со дрон го снимил овој природен феномен во езерото Цакора во сојузната држава Нов Јужен Велс. Морони го открил минатиот јули, кога решил да го фотографира езерото после големо невреме.
„Оддолу, езерото изгледа сосема нормално, но се вџашив кога ги погледнав фотографиите направени со дрон и видов што создала природата. Сликите се направени од 119 метри височина, па ме чуди како досега никој не го забележал ова“, вели Морони.
Езерото е поврзано со плажа и естуар, прекриени со чајни дрвја. Кога бура го исполнува езерото и водата стигнува до плажата, осеката ги турка водата и маслото назад. По смирувањето на бурата, водата истекува, но тешкото масло останува во пукнатините на езерото, создавајќи шаблони во облик на дрво.