УЛИЦА ВО ВЕЛС ВЛЕЗЕ ВО ГИНИС КАКО НАЈСТРМНА НА СВЕТОТ

Кардиф, (Гардијан)

Улица во северозападен Велс, која е предизвик и за најспремните пешаци и велосипедисти, и официјално е прогласена за најстрмна на светот. Форд Пен Лек во историскиот град Харлек го презеде овој епитет од улицата Болдвин во Данедин, Нов Зеланд.

Ова доаѓа по долга кампања на жителите и тие сега планираат голема прослава откако си обезбедија место во Гинисова книга на рекорди. Нејзини претставници утврдија дека улицата во својата најстрмна точка има агол од 37,5%, во споредба со 35% на улицата Болдвин.

„Чувствуваме радост и олеснување. Жал ми е за улицата Болдвин и за Новозеланѓаните, но нашата е пострмна“, изјави Гвин Хидли, која ја водеше градската кампања.

Серија мерења беа извршени на улицата со користење и на висока технологија и на обични методи и во еден момент дури беше фрлена тула, за да се види дали ќе се тркала надолу.

„Локалната заедница вложи невидени напори за да ѝ ја обезбеди титулата на својата улица“, изјави уредникот на Гинисова книга на рекорди, Крег Глендеј.