Кинезите кои немаат можност да го посетат Санторини имаат резервна, поевтина опција во својата земја: одморалиштето Дрим Ленд во Дали во југозападната провинција Јунан, кое многу потсетува на познатиот грчки остров.
Ресортот е изграден на страната на планинскиот венец Кангшан кој гледа на езеро и се состои од туристички ресторани, мали ексклузивни хотели, сувенирници, апартмани за одмор и мали кривулести улици, на кои се засадени цвеќиња и растенија. Во изградбата на ресортот биле вложени осум милијарди јуани (1,1 милион долари).
Илјадници кинески туристи секоја година го посетуваат Санторини, кој е популарна дестинација и за венчавки. Островот неодамна се најде на второто место на листата на најпопуларни дестинации за меден месец, по Бали.
(Фото: Сипа)