ВО СРБИЈА СЕ НАОЃА ВТОРОТО НАЈЧИСТО ЕЗЕРО ВО ЕВРОПА

Белград, (Н1)

Рготско Езеро во источна Србија настанало во 1978 година, кога од околниот ископ на кварцен песок почнала да избива вода. На тој начин, жителите на селото Рготино, сместено 11 километри од Заечар, неочекувано добиле езеро, кое според официјални истражувања, е второто најчисто езеро во Европа.

Езерото има површина од три хектари, а најдлабоката точка е на 40 метри.

Благодарение на кварцниот песок, водата во езерото лесно се загрева, па во летните месеци нејзината температура изнесува околу 26 степени.
Кварцниот песок помага и водата сама да се прочистува, па езерото е едно од најчистите на континентот. Потврда за тоа е и присуството на растението хара, која расте само во кристално чисти води.

Титулата на најчисто езеро во Европа, според истото истражување, ја држи Кенигзе, кое се наоѓа во Германија, близу австриската граница.

(Фото: Шатерсток)