Фестивалот Лас Фалас во Валенсија почна утринава со огномети и со палење на скулптури во разни форми и димензии – амазонки, змејови и карикатурни портрети на политичари.
Фестивалот, на кој низ улиците на Валенсија се изложуваат куклите наречени „нинотс“ и потоа се палат, е вековна традиција во чест на Свети Јосиф, заштитникот на столарите.

Тематските кукли и целите сетови со месеци се изработуваат од групи уметници и чинат по стотици илјади евра. Во 2016, УНЕСКО го прогласи Лас Фалас за заштитено нематеријално наследство.
Темите за куклите варираат, од музика, магија до актуелни политички настани и годинава се запалени Трамп, Хитлер, Сталин и Франко. Шпанскиот премиер Педро Санчес е претставен како принц кој од гроб го вади фашистичкиот диктатор Франко во форма на Заспаната убавица.

Секоја година, публиката гласа за омилени скулптури и само две се спасуваат од големиот палеж наречен „Cremà“.