ЗНАМЕНИТОСТИТЕ НА ПАРИЗ И РИМ СЕ МОРНИЧАВО ПРАЗНИ СРЕДЕ КРИЗАТА СО КОВИД-19

Париз, (Гардијан)

Париз годишно го посетуваат 30 милиони туристи, но до неговите знаменитости моментално нема пристап откако француските власти наредија затворање на сите јавни локации од несуштинско значење, вклучувајќи музеи, ресторани, кафулиња и кина, како превенција од ширењето на коронавирусот. До вчера, во земјата имаше 91 починат и околу 4.500 заразени.

Лувр (Фото: Шатерсток)

Музејот Лувр, замокот Версај, прославеното кабаре Мулен руж и Ајфелова кула се меѓу обележјата на Париз кои ги затворија своите врати на неодредено време.

„Зградата ќе продолжи да биде осветлена затоа што не сакаме Мулен руж да ги загуби своите оптимизам и позитивност“, изјави неговата портпаролка.

(Фото: АФП)

Париски Дизниленд годишно има околу 15 милиони посетители, но и тој сега е заклучен и морничаво празен.

И париски Дизниленд сега е затворен (Фото: Твитер)

И Рим спаѓа меѓу најпосетените европски градови, со околу девет милиони странски туристи годишно, но и неговите улици сега се празни. Целата држава е ставена во карантин и смеат да работат само продавници за храна и аптеки.

До фонтаната Треви во Рим вообичаено не може да се пристапи од многубројните туристи
Шпански скали во Рим