Модната дизајнерка Ана Тејлор се обидува да го врати во мода корсетот, но не како долна облека од викторијанската ера, туку како место каде жените ќе можат да ги стават нивните дамски пиштоли.
„Не мислам дека корсетот некогаш бил надвор од мода, но никогаш не бил толку корисен“, вели Тејлор.
Таа со години ги следела пазарот за жени и индустријата за оружје и основала своја компанија откако се исфрустрирала од недостигот на женски каиши за оружје. Машките ремени се стандардно дизајнирани да се носат околу половината, но жените најчесто мора да се снаоѓаат каде ќе го стават пиштолот.
За првиот прототип, Тејлор зашила подметнувач за компјутерски глушец од неопрен на еден од нејзините корсети и сега има линија од 13 модели. Во 2014 имала заработка од 25.000 долари, а лани стигнала до милион долари.
Во понудата има и панталони за јога, доволно цврсти во половината да се стави пиштол на нив, како и каиши со вградена футрола за нога, во зависност од тоа дали жената ќе оди на вечера или на работа.