По кафулиња со кучиња, бувови и ежови, во Токио неодамна се отвори кафулето „Мипиг“, кадешто низ нозете на гостите се шетаат прасиња.
Од кафулето велат дека прасињата се толку мали што ги собира во шолја за чај. Тие ги предупредуват гостите дека ова не е специфична раса на свињи, туку се работи за многу мали или млади прасиња кои растат.
Прасињата се популарни како миленичиња во САД. Парис Хилтон често го носеше нејзиното прасе на црвен килим, а Аријана Гранде го вклучи нејзиното во еден од спотовите. Во Јапонија, тие не се чуваат како миленици.
„Сакаме Јапонците да станат поблиски со овие животни и евентуално да им станат членови на семејствата“, велат сопствениците на „Мипиг“.