ПОЧНА 75. ВЕНЕЦИСКА МОСТРА (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Венеција, (Венити фер)

Филмските ѕвезди како Рајан Гослинг, Наоми Вотс, Ванеса Редгрејв и Клер Фој продефилираа на црвениот килим на свеченото отворање на 75. Венециски филмски фестивал (29 август-8 септември).

Ванеса Редгрејв, годинашната добитничка на Златен лав за животно дело, со Франко Неро (Фото: Гети)

На килимот се појавија режисери и актери од холивудската А-листа, некои дел од официјалната програма, некои како членови на жирито, а како и секоја година, дојдоа и голем број на манекенки и водителки.

Рајан Гослинг го игра Нил Армстронг во „Првиот човек“ , со кој се отвори фестивалот (Фото: Гети)

Венеција го има еден од најстарите филмски фестивали и заедно со Берлинскиот и со Канскиот се најзначајни и гламурозни филмски смотри.

Девојката на Кристијано Роналдо, Хеорхина Родригес (Фото: Гети)
Еленора Кариси (Фото: Гети)
Шарлот ле Бон (Фото: Гети)
Кристоф Валц е дел од годинашното жири (Фото: Гети)