Јапонската компанија „Сантору холдингс“ неодамна претстави лимитирано издание на вискито „јамазаки“ со единечен слад старо 55 години, а едно шише ќе чини три милиони јени или 27.347 долари.
Од 30 јуни ќе се продаваат само 100 шишиња, а купувачите ќе се избираат преку лотарија.
„Сантору“ и останати компании за висококвалитетно виски во изминатата декада се соочија со голема побарувачка, па дури и недостиг на скапо виски со единечен слад.
Така компанијата во 2018 престана да го продава своето популарно, 17-годишно виски „хибики“, кое се појави во филмот „Изгубени во преводот“ на Софија Копола. Изминативе неколку години „Сантору“ се ориентираше кон продажба на многу поевтини видови виски.