ИНСПИРИРАНИ ОД МАКЕДОНСКАТА ТРАДИЦИЈА ПРЕТСТАВНИЧКИ НА ДИПЛОМАТСКИОТ КОР И ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ НАСТАПИЈА КАКО МАНЕКЕНКИ НА РЕВИЈА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Претставнички на дипломатскиот кор во земјата и јавни личности настапија како манекенки на модната ревија со која беше заокружен проектот „Платформа за женско семејно претприемништво“. Ревијата насловена „Во ритамот на македонските традиционални занаети и креации“ се одржа во „Јавна соба“ во Скопје.

(Фото: К. Попов)

Настанот беше проследен и со базар на рачни изработки, сѐ во духот на спојот на македонската традиција и женското претприемништво.

Обвинителката Ленче Ристоска (Фото: К. Попов)

Проектот „Платформа за женско семејно претприемништво“ беше спроведен од здружението „Добредојде Македонија“ и поддржан од Амбасадата на Словенија. Се реализираше во Скопје, Струмица и Струга, каде што се одржаа четиримесечни обуки во шиење, плетење и везење, со цел да се поттикнат македонските традиционални занаети и креации во современи услови.

(Фото: К. Попов)
(Фото: К. Попов)
(Фото: К. Попов)