ПРВАТА НОВА „ТОЈОТА СУПРА“ ПРОДАДЕНА НА АУКЦИЈА ЗА 2,1 МИЛИОН ДОЛАРИ

Скотсдејл. (Мотор1)

Првиот примерок на новата „тојота супра“ беше понуден на аукција и притоа постигна цена од 2,1 милион долари.

Седумнаесет години откако престана да се произведува, „супра“ беше вратена во живот на неодамнешниот Автосаем во Детроит и компанијата тогаш објави дека првиот примерок ќе биде понуден на аукција. Таа се одржа во Скотсдејл, Аризона, а најмногу понуди Крег Џексон, претседателот на аукциската куќа „Барет-Џексон“, која и беше организатор на настанот.

Во исто време, првиот произведен модел на новиот „форд мустанг шелби ГТ500“ се продаде за 1,1 милион долари и сите пари ќе бидат донирани за хуманитарни цели.

Покрај тоа што има уникатна комбинација на бои (сива, црвена и црна), првата „супра“ го носи и потписот на претседателот на „Тојота“, Акио Тојода.