Во чест на одбележувањето на 60. роденден на кралот на поп музиката Мајкл Џексон, се организира онлајн аукција, на која ќе се продаваат негови лични предмети. Џексон почина во 2009 година на 51 година.
Меѓу предметите кои ќе се понудат на 17 ноември се неговиот црн шешир, проценет на 3.000-5.000 долари, јакна од 8.000-10.000, како и славната ракавица со „сваровски“ кристали, која е проценета на 50.000-70.000 долари. Но, аукционерите претпоставуваат дека ракавицата, која Џексон ја носеше на светската турнеја во 90-ите години, ќе достигне цена од 100.000 долари.
„Интересот за личните предмети е голем по смртта на поп ѕвездата. Неговите автограми и алишта се одличен потенцијал за инвестиции. За тоа говори и фактот дека Џексон е на врвот на листата на „Форбс“, која ја мери заработката на починати личности, со заработени над 400 милиони долари лани“, велат аукционерите.