РЕВИЈАТА НА „ДИОР“ ВО ПАРИЗ СО МОТИВИ НА ОТОМАНСКАТА ТАПИСЕРИЈА

Париз, (АП)

Модната ревија на „Диор“ во парискиот музеј „Роден“ беше со мотиви на отоманската таписерија и привлече многу ѕвезди меѓу гостите.

Ријана, Натали Портман, Елизабет Дебицки, Али Вонг, Фелисити Џонс, Глен Клоуз, Кристин Скот Томас, Жилиет Бинош и Карла Бруни беа меѓу гостите кои дојдоа да го видат најновиот спој на уметност и мода на Марија Грација Kjури.

Фото: АП

Инсталација на уметницата Изабела Дукро стоеше на ѕидовите до пистата. Инсталацијата наречена „Големата аура“ имаше повеќе фустани високи и до пет метри, кои потсетуваа на облеката на отоманските султани и реферираа на мајсторската тема на ревијата – уникатноста на високата мода.

Модните критичари рекоа дека во колекцијата беспрекорно се испреплетува историското богатство на отоманските стилови со современите.