РИЈАНА Е ШОУ, НИКОЛ КИДМАН КРАЛИЦА НА ЕЛЕГАНЦИЈАТА НА ЛИСТАТА НА СТИЛСКИ ИКОНИ НА „ПИПЛ“

Лос Анџелес, (АП)

Пред годинашните Оскари и црвениот килим, магазинот „Пипл“ ја објави листата на холивудски ѕвезди со највисок стил.

Никол Кидман (Фото: АП)

„Пипл“ ја нарекува убавината на Лупита Нјонго како „нова, иновативна“, додека е Ема Стоун е „модерна романтичарка“. Никол Кидман е икона на елеганцијата, Емили Блант е кралица на каприциозноста, а Трејси Елис Рос е авангардна ѕвезда.

Ема Стоун (Фото: АП)

Пејачката Кејси Масгрејвс, која триумфираше на неодамнешните Греми награди, се смета за прекршувачка на правила, Ријана е шоу ѕвезда, а Амбер Хрд – бомба. Актерката од „Откачени богати Азијци“, Констанс Ву, е ново лице, а магазинот оценува дека Џулија Робертс е мајстор на пристапот „помалку е повеќе“.