Се продава куќата позната по тоа што Кевин Мекалистер (Меколи Калкин) беше оставен сам дома на Божиќ во филмот „Сам дома“ од 1990.
Куќата со пет кревети и шест бањи во Винетка, Илиноис е огласен на пазарот за недвижности за 5,25 милиони долари.
Според американските агенти за недвижнини „Зилоу“ ова е за првпат од 2012 имотот да биде огласен на пазарот.
По излегувањето на филмот од 1990 во режија на Крис Колумбус, куќата претрпе големо реновирање. Сегашните сопственици двојно го зголемиле просторот за живеење со додавање на голем стакленик и изградиле најсовремен кошаркарски терен.
Куќата, која компанијата ја опишува како „една од најпознатите куќи во светот“, има и две дневни соби, голема кујна, гаража со три автомобили и „славни скали“ низ кои 10-годишниот Меколи Калкин се спушти на санка.