ШРИ ЛАНКА ГО ПОКАЖА НАЈГОЛЕМИОТ СИН САФИР НА СВЕТОТ

Коломбо, (АП)

Властите на Шри Ланка го изложија она за што велат дека е најголемиот природен син сафир на светот. Тежок 310 килограми, бил ископан пред три месеци и беше наречен Кралица на Азија.

„Колку што знаеме, ова е многу редок примерок, каков што не е забележан во геолошката литература“, соопшти Националната агенција за скапоцени камења, откако направила серија тестови на пет примероци земени од каменот.

Откако ќе биде проценет, каменот ќе биде ставен на продажба.

Шри Ланка е еден од водечките светски извозници на сафири и други скапоцени камења, од што заработува половина милијарда долари годишно.