Шпанскиот дизајнер Џејми Хајон го заврши каруселот со 15 милиони „сваровски“ кристали за забавниот парк на оваа компанија во Австрија.
Вртелешката е поставена во забавниот парк на „Сваровски“ во Ватенс, во планинската област Тирол. Отворен во 1995 во чест на 100-годишнината на компанијата, паркот е популарна туристичка атракција во областа. Тој е дизајниран за „да потсетува на традиционалните карусели, задржувајќи ја неговата носталгична нота“.
Хајон ги заменил коњчињата кои вообичаено се движат горе-долу со серија црно-бели фигури, за кои се инспирирал од фолклорот и бајките.
„Карусел предизвикува чувства на слобода и радост. Тоа е уметничко дело во движење и место каде се развива имагинацијата. Се радувам што луѓето ќе бидат транспортирани во оваа бајка“, вели дизајнерот.