ТАТКО МИ НЕ МЕ КРИТИКУВА ЗА ДА БИДАМ ПОСЛОБОДНА, ВЕЛИ ДОНА УРДИНОВ, ЌЕРКА НА СЛИКАРОТ КИРО УРДИН

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Уметницата Дона Урдинов, ќерката на реномираниот македонски сликар Киро Урдин, деновиве имаше изложба во Концепт 37, насловена „Екс парте хоминис“ .

Урдинов вели најдрагоцениот совет кој го добила од татко ѝ е : „Одбери што сакаш да правиш и биди најдобра во тоа’“; – Од отворањето на изложбата во Скопје

Дона е вајарка и 3Д артист, која неодамна дипломираше на Универзитетот Гномон во Холивуд, кој важи за една од најпрестижните академии за визуелни ефекти во светот.

Дона вели дека инспирацијата за уметноста ја наоѓа во сите шеми и облици кои се создадени од природата, од нивните перфектни пропорции

Дваесет и едногодишната уметница е родена во Братислава, Словачка, и на 10 годишна возраст се преселила во Скопје. По завршувањето на основното и на средното образование во НОВА, аплицирила и била прифатена од девет универзитети во САД, меѓу кои Гномон.

За животот во САД, младата уметница вели дека денот во Лос Анџелес ѝ почнува со прошетка по булеварот Холивуд  на пат кон академијата.

Таму, поради високиот критериум и здравата конкуренција, обично останував до доцните часови работејќи на моите проекти. Бидејќи сѐ тоа беше во центарот на филмскиот свет и шоубизнисот, присуствував на многу семинари и работилници водени од најголемите имиња во индустријата. Дополнително, одев на пракса во компанијата ‘ТенСкај’ каде што работев како 3Д карактер артист. Таму, всушност, ја научив најголемата лекција, дека трите најважни квалитети да се култивираат се одлучноста, самодовербата и искреноста“, вели Урдинов за СМАРТ.СДК.МК.

Таа додава оти има голема поддршка од татко ѝ , и токму затоа не ѝ дава критики и совети со цел да има комплетна креативна слобода.

Повеќе се труди да ме советува како да бидам подобра личност. Најдрагоцениот совет од него ми е: ‘Одбери што сакаш да правиш и биди најдобра во тоа’“, вели таа.

Дона вели дека инспирацијата за уметноста ја наоѓа во сите шеми и облици кои се создадени од природата, од нивните перфектни пропорции.

„Работејќи како 3Д карактер артист во Холивуд ја научив најголемата лекција, дека трите најважни квалитети да се култивираат се одлучноста, самодовербата и искреноста“, вели Дона Урдинов

Таа смета дека една од најинтригантните работи во 3Д уметноста е тоа што таа не постои во физичкиот свет, туку во виртуелен. Tоа ѝ отвора еден бескраен спектар на артистичка слобода, каде има многу за откривање и учење.

Во поглед на кариерата, Дона вели дека посакува да работи на место каде што ќе има можност да се надоградува како уметник и како личност.

Не сакам да се ограничувам себеси на само едно одредено поле или жанр, сметам дека страста и амбицијата во работната околина се најважни. Евентуално би сакала еден ден да создадам моја колекција на принтани чевли во 3Д, бидејќи авангардната мода остекогаш ме привлекувала“, вели Урдинов.

Б. НЕСТОРОСКА