ТЕЛА НАМЕСТО ПЛАТНА – ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ФЕСТИВАЛОТ ЗА ЦРТАЊЕ НА ТЕЛО

Виена, (Ројтерс)

Австрискиот модел Корина трпеливо стоеше шест часа додека да биде претворена во сина египетска божица за годинашниот Светски фестивал во цртање на тело.

Корина е една од гостите на фестивалот во Клагенфурт, јужна Австрија, кој секоја година привлекува илјадници посетители. Фестивалот со 21-годишна традиција трае четири дена, има 12 категории и учествуваат повеќе од 200 уметници од 50 земји.