ТРАМП НАЗДРАВИ ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ СО ДИЕТАЛНА КОКА-КОЛА ВО ВИНСКА ЧАША

Њујорк, (Мешабл)

„Никогаш не сум видел слаб човек да пие диетална кока-кола“, еднаш напиша Доналд Трамп на Твитер.

Американскиот претседател не се откажа од својот омилен пијалок и за време на Генералното собрание на Обединетите нации. Но, како да не му беше доволно што светските лидери му се изнасмеаја за одржаниот говор во кој ја величеше својата домашна политика, тој дозволи келнерот да му сипе диетална кока-кола во чаша за вино.

Познато е дека Трамп не е љубител на алкохол и неговата поранешна соработничка Омароса откри дека тој пие 12 диетални кока-коли на ден. На социјалните мрежи прокоментираа дека разликувањето на обични и вински чаши е задолжително за секој човек, па дури и за претседателот на САД.