„УЧИТЕЛОТ И НЕГОВИТЕ УЧЕНИЦИ“ – ИЗЛОЖБА ВО МКЦ ВО ЧЕСТ НА ВЛАДИМИР ГЕОРГИЕВСКИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва во 20 часот, во Галеријата на Младински културен центар (МКЦ) ќе се отвори изложата „Учителот и неговите ученици“, по повод 77 години од раѓањето на еден од најзначајните македонски сликари Владимир Георгиевски.

Освен дела на Георгиевски, кој почина во 2017, изложбата содржи и дела на шестмина негови поранешни ученици, а сега активни творци во областа на визуелните уметности: Никола Пијанманов, Наташа Милованчев, Наташа Божарова, Марија Панчевска Маринчиќ, Ана Андроска и Марина Убавкова.

Изложбата, која ќе трае до 18 јуни, прикажува триесетина слики, цртежи и релјефи. Бирани се дела од творештвата на уметниците кои барем во еден период престојувале во ателјето на Георгиевски и биле инспирирани од естетиката и филозофијата на неговите дела.