УФИЦИ СО БЕСПЛАТНА ОНЛАЈН ИЗЛОЖБА СЛАВИ 700 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ДАНТЕ АЛИГИЕРИ

Милано, (АП)

Галеријата Уфици во Фиренца ќе ја направи онлајн достапна изложбата во чест на 700-годишнината од смртта на италијанскиот поет Данте Алигиери, на која ќе има 88 ретко изложувани цртежи од неговата „Божествена комедија“.

Виртуелната изложба на слики во висока резолуација содржи дела од ренесансниот уметник од 16. век Федерико Зукари. Цртежите го илустрираат ремек-делото на Алигиери, најзначајното литературно дело на средновековниот период и основа на современиот италијански јaзик.

„Овие цртежи досега биле само два пати изложени јавно, а достапни беа само за студенти и ученици. Изложбата ќе биде бесплатна, во секој час од денот, за секого“, рече директорот на Уфици, Ајке Шмит.