Принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора, се откажал од возачката дозвола на 97 години, речиси еден месец откако предизвика сообраќајна несреќа, во која беа повредени две жени.

„Принцот Филип доброволно ја предал возачката дозвола по внимателно размислување“, соопшти Бакингамската палата.

Ема Ферведер, на која ѝ беше скршен глужд во несреќата, изјави дека улиците сега ќе бидат побезбедни.

„Тоа е исправна одлука“, кажа таа за „Сандеј тајмс“.

Филип лично го возеше својот „ленд ровер“ на 17 јануари кога удри во друг автомобил, во кој имало и деветмесечно бебе и обвинителите сѐ уште немаат решено дали ќе покренат тужба против него. Филип се извини за несреќата, но само два дена подоцна, беше снимен како повторно вози и тоа без врзан појас.