Во пресрет на вториот самит на Доналд Трамп и Ким Џонг-Ун, што ќе се одржи во Виетнам на 27/28 февруари, бербер од Ханоj нуди бесплатно потстрижување на оние кои сакаат да ги копираат препознатливите фризури на двајцата лидери.
„Среќен сум со оваа фризура, бидејќи луѓето мислат дека наликувам на лидерот на Северна Кореја“, вели деветгодишниот То Џија Хуј.
Тој смета дека на никого од неговото одделение нема да му одговара фризурата на Ким како на него.
„Никој во моето одделение не е толку дебел како мене“, вели Хуј.
Берберницата „Туан Дуонг“ ја нуди промоцијата до 28 февруари, кога се очекува стотици државници и новинари да пристигнат во главниот град на Виетнам, за втората средба на Трамп и Ким, по ланската во Сингапур.
„Го почнав ова од забава, но се изненадив колку луѓе се заинтересираа. Сакам мир. Многу членови на моето семејсто загинаа во Виетнамската војна и затоа го поддржувам овој самит“, вели Ле Туан Дуонг, сопственикот на салонот.
Еден 66-годишник од љубопиство ја прифатил понудата на Дуонг да му ја бојадиса косата во портокалово и да го потстрижи како Трамп.
„Ми се допаѓа фризурата на Доналд Трамп. Убаво изгледа и ми одговара на возраста“, кажа тој.