ВО ГЕРМАНИЈА СЕ ОТВОРА ПРВИОТ МУЗЕЈ НА БИКИНИ НА СВЕТОТ

Франкфурт, (ДПА)

Бикините на Мерилин Монро, Скарлет Јохансон и на други славни личности ќе бидат собрани во музеј во југозападен град во Германија, кој себеси се нарекува „главен град на костими за капење“.

Во Бад Рапенау, кој се наоѓа меѓу Франкфурт и Штутгарт, на 5 јули се отвора првиот музеј на бикини во светот, што ќе се совпадне со Меѓународниот ден на бикинито.

Музејот за уметноста на бикинито ќе се фокусира на културолошката историја на костимите за капење и како се менувале моделите од 1870 до денес.