БРАЧЕН ПАР СЕДУМ ГОДИНИ ЖИВЕE ВО ШУМА

Амстердам, (Гардијан)

Миријам Лансвуд, родена во Холандија, веќе седум години живее во дивина со нејзиниот сопруг. Оваа идеја им се родила во Индија, каде што тие се сретнаа за првпат пред 12 години. Питер беше поранешен универзитетски професор и фармер, а 22-годишната Миријам сакаше да го види светот.

Заедно патуваа неколку години, пред да се скрасат во татковината на Питер, Нов Зеланд. Во 2010 година ги донираа или продадоа повеќето од своите лични работи и од тој момент почна нивната авантура, која моментално се одвива во Бугарија, некои 200 километри западно од главниот град Софија. 

Сигурно би очекувале Миријам да изгледа неуредно, можеби да ѝ недостига по некој заб, но таа сјаи од задоволство. Притоа, без првут, со депилирани нозе и мирис на зимски оган. Со нејзината цврста градба, таа  наликува на холандска верзија на Сара Конор од филмот „Терминатор“.

Со нејзината цврста градба, таа наликува на холандска верзија на Сара Конор во филмот „Терминатор“ (Фото: Гардијан)

По пет години номадско живеење во Нов Зеланд, Миријам одлучи да напише книга за нејзиното искуство, што ја нарече „Жена во дивината“. Издадена во Холандија, таа стана сензација, особено за жените кои во Миријам гледаа пример за независна жена, која не се плаши да живее според своите соништа. 

Оттогаш, брачниот пар се пресели во Европа и ја помина годината во Турција, започнувајќи го вториот дел од нивниот заеднички сон да не се вратат веќе никогаш во модерната цивилизација.

Сеќавајќи се на годините кога работеше како учителка за деца со посебни потреби, таа вели:

„Тогаш бев постојано под стрес и паѓав во депресија секој пат кога ќе помислев дека ова ќе го правам засекогаш“.

Првите неколку месеци од новиот примитивен живот, Миријам мислеше дека ќе полуди од досада, но многу брзо успеа да се синхронизира со природата.

Половина од секој ден се поминува собирајќи дрва. Спијат само кога е темница и велат дека никогаш немале толку многу енергија. Домот на Миријам и Питер е зелен шатор со две вреќи за спиење и со две торби убаво организирани со најелементарните работи. Јадењето и алатките за готвење се наредени на тревата.

Ако некогаш посакате да тргнете на ваква авантура, Питер порачува дека клучот е во подготовката: одење по долги и предизвикувачки патеки, курсеви за брза помош, читање книги за како да се преживее во тешки условипресметување колку точно лажици брашно требаат…

Што се однесува до разликата во возраста, и двајцата велат дека тоа не им претставува проблем. Питер објаснува дека никогаш не сретнал жена која би сакала да живее како него (Фото: Гардијан)

Прашањето што честопати ѝ го поставуваат на Миријам е како успеваат да живеат на тој начин.

„Имаме наша заштеда, но притоа живееме многу евтино, трошиме само 2,600 долари на година, главно на храна“.

Што се однесува до разликата во возраста, и двајцата велат дека тоа не им претставува проблем. Питер објаснува дека никогаш не сретнал жена која би сакала да живее како него.

„Повеќето мажи на моја возраст се чувствуваат поразено од животот. Не можат да спијат на земја, дебели се, не можат да одат долго време“.