„ВОЛВО“ ПРЕТСТАВИ НОВ АВТОМОБИЛ КОЈ Е И СПАЛНА И КАНЦЕЛАРИЈА

Стокхолм, (ДПА)

Компанијата „Волво“ разви нов дизајн на самовозечки електрични автомобили, кои нема да се користат само за патување, туку и како простор за живеење и работа.

Иако нема волан, концептот „360Ц “ ја трансформира модерната кола во мобилна спална соба, како и во канцеларија, дневна соба и простор за забава на тркала.

„Волво“ вели дека со овој автомобил може да се патува и на поголеми дистанци.

„Автомобилите со автономно возење ќе ни овозможат да го преземеме следниот чекор во безбедноста, но и да го развиеме автомобилскиот бизнис и да им дозволиме на купувачите да прават што сакаат во колите“, рече директорот на „Волво“, Хакан Самуелсон.