200 ДЕЦА УЧЕСТВУВАА НА ТРКАТА ВО ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Двесте деца во четири категории учествуваа на детската трка во Зоолошката градина, која денеска првпат се одржа по повод Денот на Европа.

Трката се одржа во ботаничката градина зад живеалиштето на слоновите. Се одржаа четири трки: машка и женска на 150 метри за деца на возраст од седум и осум години, како и на 100 метри за деца од пет и шест години.

Трката се одржа во ботаничката градина зад живеалиштето на слоновите (Фото: К. Попов)

За сите учесници беа обезбедени мeдали, а трите најдобри во сите категории беа наградени со тротинет, ролерки и спортска опрема.

Детската ЗOO трка е во организација на Зоолошката градина, Агенција за млади и спорт и Град Скопје.

А. АНТЕВСКА