27-ГОДИШНА КУМАНОВКА Е НАЈМЛАДАТА ЖРТВА НА КОВИД-19 ВО МАКЕДОНИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Три лица починаа од КОВИД-19 во Македонија во последните 24 часа, додека на сила стапи општа забрана за движење уште од 16 часот.

  • Дваесет и седумгодишна жена од Куманово е најмладата жртва на коронавирусот во земјата. Таа почина на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје само девет дена откако роди бебе, чиј тест на коронавирус беше негативен.
  • Од Министерството за здравство информираа дека починале и 73-годишен жител на Куманово и едно 44-годишно лице во Кавадарци, кое посмртно било тестирано.
  • Коронавирусот досега однесе 29 животи во Македонија.
  • Во последните 24 часа потврдени се и 18 нови случаи на зараза: седум во Скопје, четири во Прилеп, по два во Куманово и Битола, како и по еден во Кочани, Крушево и Кавадарци.
  • Вкупната бројка заразени досега изнесува 617, од кои 37 заздравиле.
  • На светско ниво има речиси 1,5 милиони заразени и над 86..000 починати.