Од денеска, на интернет-страницата на издавачката куќа „Антолог“, www.antolog.mk, почнува првиот е-саем на книга во земјава.

„Во овој период кога изолацијата на сите може да ни падне многу тешко, а зачувувањето на сопственото и на колективното здравје е врвен приоритет и кога традиционалниот скопски саем на книгата, што се одржува секоја пролет, мораше да биде откажан, ‘Антолог’ ги нуди сите свои наслови (над 300) на попуст до дури 75 проценти. Понудата важи само за онлајн-нарачки преку сајтот на ‘Антолог’ и сите нарачани книги на купувачите ќе им бидат доставени на домашна адреса“, вели издавачот.

Деновиве, во издание на „Антолог“ излезе и романот „Ана“ од италијанскиот писател Николо Аманити.